Секој литар вино пуштен во продажба мора да има решение за ставање во промет. Министерството за земјоделство ја скрати досегашната постапка за издавање на истото од 30 на 10 дена. Во исто време винарниците не мора да поднесуваат документација во Скопје, туку со сегашниот правилник истите може да ги добијат во подрачните единици. Во ресорното министерство велат дека секој литар вино кое се пушта во промет мора да го следи решение за промет. Министерството за земјоделство ги известува сите производители на вино запишани во Регистарот на производители на вино, дека е подобрена постапката за издавање на Решение за ставање вино во промет. Со подобрувањата на постапката, во иднина сите производители на вино ќе може да ги поднесуваат барањата во подрачната единица во која се наоѓа седиштето или производниот капацитет на производителот.
Секој литар вино пуштен во продажба мора да има решение за ставање во промет. Министерството за земјоделство ја скрати досегашната постапка за издавање на истото од 30 на 10 дена. Во исто време винарниците не мора да поднесуваат документација во Скопје, туку со сегашниот правилник истите може да ги добијат во подрачните единици.
Во ресорното министерство велат дека секој литар вино кое се пушта во промет мора да го следи решение за промет.
- Министерството за земјоделство ги известува сите производители на вино запишани во Регистарот на производители на вино, дека е подобрена постапката за издавање на Решение за ставање вино во промет. Со подобрувањата на постапката, во иднина сите производители на вино ќе може да ги поднесуваат барањата во подрачната единица во која се наоѓа седиштето или производниот капацитет на производителот - пишува во соопштението.
Раководителот на подрачната единица на Министерството за земјоделство од Неготино, Златко Пенков, објаснува дека образецот за издавање на решението се поднесува во четири оригинални примероци.
- Со таксена марка од 250 денари, уште во текот на истиот ден ќе го препратиме до централата во Скопје. По еден примерок добиваат апликантот, подрачната, Инспекторатот за земјоделство и секторот за лозарство, винарство и овоштарство при Министерството за земјоделство - објаснува Пенков.
Образецот, додава тој, може да се подигне на интернет, но може да се добие и во самата подрачна единица.
Производството на вино во Македонија се одвива во 86 официјално регистрирани винарски визби со вкупен капацитет од околу два милиона хектолитри. Официјалните статистички податоци покажуваат дека осумдесет отсто од произведеното вино се извезува како налевно, а само 20 отсто како финален производ во шишиња.
Изминатата година само дваесетина отсто од виното било во шишиња, а остатокот се извезол како репроматеријал кој се доработува во Европската Унија. Лани од речиси 600.000 хектолитри кои ја поминале границата, 480.000 хектолитри се вино во цистерни, а само 120.000 хектолитри вино во шишиња. Најмногу се извезува во земјите од Европската Унија, каде што завршуваат половина од вкупните количества. Следат Србија со извезени 25 отсто и 17 отсто на хрватскиот пазар.
Девизен прилив од 45 милиони евра
Само за една година девизниот прилив од извозот на вино се движи околу 45 милиони евра.
Според официјалните податоци, квотата на Македонија за извоз на вино кон земјите од ЕУ во 2011 за вино во шишиња изнесува 7 милиони литри и е исполнета со околу 36 отсто. Kвотата за 2012 година е 7,9 милиони литри за финален производ, а 32 милиона литри. За годинава е нешто повисока за разлика од лани. Извозот кон трети земји годишно е околу 40 до 50 отсто од вкупно извезеното вино.